Англија ослабена без напаѓачкиот тандем
Маркус Рашфорд и Букајо Сака и официјално го напуштија тренинг кампот на репрезентацијата на Англија.
Тие нема да можат да настапат на следните два натпревари, против Албанија во гости и потоа против Полска во Англија.
Се очекува Рашфорд и Сака да бидат на располагање на Солскјер и Артета по завршувањето на репрезентативната пауза.
Англија гостува на Албанија во недела во 18. часот, а потоа ја дочекува Полска веќе во среда со почеток во 21. часот.
