Англија рекордер, половина Премиер лига игра Европа

Вчера завршија квалификациите за Лига Европа и Конференциската Лига, па познато е која земја со колку претставници ќе биде во европските клупски натпреварувања.

Ќе доминира Англија која има најмногу, дури девет екипи од кои шест во Лигата на шампионите, две во Лига Европа и една во Конференциската лига.

Втора е Шпанија со осум, Италија, Германија и Франција имаат по седум, Холандија шест.

По долго време и Македонија е на листата, имаме еден претставник во името на Шкендија која стана втор македонски тим кој ќе игра главна фаза. Претходно тоа беше Вардар.

Од државите кои беа дел од Југославија, Хрватска има два претставника, Србија, Словенија и БиХ исто како и Македонија, имаат по една екипа. Црна Гора нема.