Андонова по пет години замина од Леванте

Македонската најдобра фудбалерка, Наташа Андонова од наредната сезона нема да биде дел од Леванте.
Андонова си заминува од овој тим по поминати пет години и сега ќе побара нов предизвик. Дресот на Леванте го носеше на 140 натпревари во кои постигна 24 голови.
Во Македонија Андонова играше за Борец и Тиквешнака, а потоа изгради интернационална кариера во која играше уште за: Барселона, ПСЖ, Розенгард и Турбине Постам.
Репрезентативка на Македонија е од 2008 година и вкупно одигра 33 натпревари и постигна 14 голови.