Андреас Кристенсен претставен во Барса

Доскорешниот играч на Челзи, Андреас Кристенсен и официјално е претставен како нов играч на Барселона.
Кристенсен својата официјална промоција ја имаше пред навивачите на Блауграна, а со каталонскиот клуб потпиша договор до 2026 година.
Данскиот репрезентативец во Барселона пристигна како слободен играч, откако му истече договорот со премиерлигашот Челзи.