Андре Онана се договорил со Интер

Според информациите на познатиот фудбалски новинар, Фабрицио Романо, голманот на Ајакс, Андре Онана постигнал договор за негов трансфер во Интер.
29-годишниот Онана би требало да пристигне во шампионот на Серија А како слободен играч во текот на летото.
Според Романо, голманот водел преговори и со екипата на Барселона но на крајот неговата одлука била тој да продолжи во Интер.
Андре Онана се очекува да биде наследник на Самир Хандановиќ кој има 38 години и договор до крајот на оваа сезона.