Анелка нов спортски директор на анонимен турски второлигаш

Николас Анелка кој играше за бројни европски клубови стана извршен директор на турскиот второлигаш, Умраниспор.

Клубот официјално го потврди ангажманот на 44-годишниот Анелка кој краток период како фудбалер помина и во Турција (Во текот на 2005 и 2006 го носеше дресот на Фенербахче).

Анелка за француската репрезентација во кариерата одигра 69 натпревари и постигна 14 гола. Кариерата ја започна во Пари Сен Жермен, а подоцна играше уште за Арсенал, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити, Јувентус, Челзи, Вест Бромвич, Шангај Шенуоха и индискиот Мумбаи каде што ја заврши кариерата.

Со текот на времето клубовите за неговите трансфери вкупно платија 127 милиони евра и своевремено беше на врвот на ваквата листа, но подоцна со порастот на цените на трансфер пазарот го престигнаа бројни фудбалери.