Анисимова го освои турнирот во Доха

Аманда Анисимова многу полесно од очекувањата ја совлада Јелена Остапенко во финалето на турнирот во Доха со резултат 2:0 во сетови (6-4, 6-3).

Шест пати Американката влегуваше на теренот како аутсајдер и победи во шест наврати. Никој досега не постигнал таков подвиг во Доха.

Можеби на Остапенко, која сака агресивна игра, донекаде и пречеше тоа што финалето беше прекинато поради дожд, што секако ги успори условите, но причината пред се треба да се бара во нејзиниот многу послаб настап од претходните денови.

Ова е трета титула на Анисимова во кариерата, убедливо најголема.

ВТА турнирот во Доха се играше за награден фонд од 3.654.963 долари.