Ансу Фати кон крајот на септември пак ќе заигра за Барса
Ансу Фати се опорави од повредата, работи со полна пареа после 10 месеци, но Барселона нема да брза со неговото враќање.
Извори од Каталонија денес објавија дека Ансу Фати ќе го пропушти уште гостувањето во Севиља и дербито со Баерн во Лигата на шампионите, а ќе се врати на 20 септември кога Барселона ќе игра против Гранада.
Лекарскиот тим на Барселона сака Фати постепено да се враќа во натпреварите со помал интезитет, а не во дерби средби како со Севиља и Баерн.
Се очекува после Гранaда да има поголема минутажа против Кадиз, Леванте и Бенфика.