Анталијаспор суспендираше Израелец поради политички пораки

Турска Анталијаспор го суспендираше Израелецот Сагив Јехезкел
поради тоа што на вчерашниот натпревар од турската Суперлига
против Трабзонспор (1-1), го прослави својот гол покажувајќи завој
со датумот на нападот на Хамас врз Израел – 7 октомври.
Во официјалното соопштение, Анталијаспор ги нарече постапките
на Јехезкел „спротивни на вредностите на земјата“ и ја објави
одлуката на управата да го суспендира напаѓачот. Претседателот
на клубот Синан Бозтепе изјави дека најверојатно ќе биде
раскинат договорот со израелскиот фудбалер.