Антонио Рудигер е нов играч на Реал Мадрид

Германскиот дефанзивец, Антонио Рудигер, и официјално е новото засилување на Реал Мадрид.
Сега веќе бившиот член на Челзи, пристигна на Сантијаго Бернабеу како слободен играч и потпиша договор во траење од четири години.
Според информациите неговата годишна нето плата се очекува да достигне околу 10 милиони евра.