Антонија Белазелкоска и Дејан Недев најдобри македонски каратисти во 2025

Македонската традиционална карате федерација (МТКФ) денеска во Скопје го одржа традиционалниот „Избор за најдобри каратисти“ на кој беа прогласени најуспешните каратисти во 2025 година во сите возрасни категории, од деца до сениори.
За најдобра каратистка беше прогласена Антонија Белазелкоска, додека признанието во машка конкуренција му беше врачено на Дејан Недев.
Во јуниорска конкуренција, признанието за најдобар каратист го освои Матеј Магаровски, а во кадетска конкуренција Камелија Недев и Ненад Јекиќ.
Во категорија деца, за најдобри беа прогласени, Филип Недев (11 – 12 години), Максим Поп Трпев (9 – 10 години), како и Тадеј Недев и Мартина Зафировска (7 – 8 години)
Признанието за најуспешен тренер му беше врачено на Аљоша Недев, додека најуспешен судија во изминатата календарска година беше Јадранка Недева.
„Со посебно признание за придонес во развојот на карате спортот беа одликувани министерот за спорт Борко Ристоски, и ректорот на Универзитетот Скопје, Аце Миленковски, кој повеќе од 20 години несебично и континуирано ја поддржува работата на МТКФ и развојот на традиционалното карате во Република Македонија“, соопштија организаторите.