Антони би можел да стане првиот играч со две освоени европски првенства во една сезона

Во четвртокот, Јунајтед го резервира своето место во финалето на Лига Европа против Тотенхем Хотспур, откако импресивно го победи Атлетик Клуб со 7-1 на вкупен резултат во полуфиналето.
Во меѓувреме, Бетис извојува тешка победа над Фиорентина, со гол во судиското продолжение обезбеди пласман во финалето на Конференциската Лига, каде што ќе се сретне со Челзи.
Имајќи удел во европските кампањи и на Јунајтед и на Бетис, Антони ќе биде официален победник за едната или за двете страни, доколку победат во нивните финалиња на крајот на месецот.
Антони ужива во Бетис откако го напушти Јунајтед во јануари за да му се приклучи на тимот од Ла Лига на краткорочна позајмица до крајот на сезоната.
Оттогаш, напаѓачот повторно ја откри формата што доведе до неговата преселба на Олд Трафорд во 2022 година, постигнувајќи осум гола на 21 настапи и играјќи битна улога во битката на Бетис за освојување на европски трофеј.