Антони во јануари заминува од „Олд Трафорд“
Манчестер Јунајтед одлучи да се раздели со крилниот напаѓач Антони доколку клубот добие добра понуда за негова продажба, објави експертот за трансфери на „Скај Спортс“, Флоријан Плетенберг.
Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим е задоволен од подобрената форма на Антони и би го искористил, но во резервна улога. Токму поради оваа причина клубот ќе ги разгледа пристигнатите понуди, а сумата од евентуалната продажба на бразилскиот крилен напаѓач ќе биде искористена за нови засилувања.
Антони има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2027 година.