Антони последен пик на Ал-Наср ова лето

Саудискиот клуб Ал-Наср испратил запит кон Манчестер Јунајтед за евентуалните услови за привлекување на Антони, информираат различни извори од Островот.

Тимот на Кристијано Роналдо продолжува да бара засилувања во нападот, кои ќе помогнат во зголемување на нивото и конечно за постабилно влегување во битката за титулата во земјата, која им бега на тимот во последните неколку години.

Од „Олд Трафорд“ поставиле сериозна цена од 50 милиони евра за својот бразилски фудбалер на крило, кој не е пожелуван од менаџерот Рубен Аморим и беше оставен да тренира самостојно во Манчестер, додека неговите соиграчи се на летна турнеја во САД. Антони, кој беше привлечен во летото 2022 од Ајакс за неверојатни 95 милиони евра, не успеа да ја оправда оваа сума и постепено кариерата му на „Олд Трафорд“ почна да „дерелира“ под сериозен притисок и критики. Во јануари тој беше даден на заем во Бетис, каде повторно покажа добар фудбал и импресионираше со 9 голови и 5 асистенции во 26 натпревари.