Анфанг си даде оставка од тренерското место во Вердер заради ковид-скандалот
Тренерот на Вердер, Маркус Анфанг, се повлече од клупата на германскиот фудбалски состав откако беше утврдено дека користел лажен сертификат за вакцинација против ковид-19.
„Поради целиот стрес што го предизвикав во тимот и во мојата фамилија, одлучив да се повлечам од Вердер“, изјави Анфанг.
Тимот од Бремен кој вечер од 20:30 часот го очекува меч со Шалке во втората Бундеслига, се наоѓа на осмата позиција на табелата.