Анхел Ди Марија најверојатно ќе го напушти ПСЖ на крајот на оваа сезона.
Офанзивецот останува без договор на крајот на оваа сезона и веројатно тој нема да биде продолжен и на лето како слободен играч ќе го напушти клубот. Веќе се шпекулира кој би можел да биде неговиот клуб.
„Ел Насионал“ пренесува дека Ди Марија бил понуден на екипи како Атлетико Мадрид, Барселона и Јувентус.
Она што е посебно интересно е што Атлетико Мадрид и Барселона се најголемите ривали на Реал Мадрид од Шпанија, клуб каде што Ди Марија се прослави пред да се пресели во Јунајтед.