Анчелоти: Бензема ќе биде подготвен за Ливерпул

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти, изјави дека најдобриот напаѓач во тимот Карим Бензема поради повреда на скочниот зглоб ќе го пропушти дуелот во Пример со Еспањол, меѓутоа би требало да биде подготвен за натпреварот со Ливерпул во ЛШ.

Бензема поради повреди, оваа сезона има пропуштено 12 натпревари на Реал Мадрид, но го пропушти и Мундијалот во Катар.

„Кралскиот клуб“ во среда го очекува реванш натпревар против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот дуел меѓу двете екипи се одигра на „Енфилд“ каде Реал славеше со 5:2.