Анчелоти ги загуби Алаба и Рудигер заради повреда

Реал Мадрид доцна синоќа успеа да слави на домашен терен против
Лас Палмас со 2-0 и да прокнижи нови бодови во Примера Дивизион.
Веднаш по мечот тренерот, Карло Анчелоти, потврди дека двајца
стандардни првотимци заработиле повреди. Станува збор за
дефанзивците – Давид Алаба и Антонио Рудигер.
„Давид нема да игра против Џирона. Рудигер исто така доби удар“,
изјави Италијанецот. Алаба кој беше заменет во првото полувреме
има проблем со адукторот. Повредата на Рудигер не е толку сериозна.