Анчелоти добива засилување од 30 милиони од Италија
Карло Анчелоти не успеа минатото лето, но можеби ќе успее ова.
Франс Фудбал пишува дека Евертон и понатаму е заинтересиран за доведување на играчот за врска на Јувентус, Адриен Рабио.
Рабио игра доста важна улога во тимот од Торино откако на клупата на „бјанконерите“ пристигна Андреа Пирло, па овој пат тоа ќе биде тешка задача за „карамелите“.
Анчелоти разговараше со раководството на клубот и порача дека ќе мораат да издвојат повеќе од 30 милиони евра како би го наговориле Јувентус да го продаде 25-годишниот французин.
Рабио соработуваше со италијанецот во Париз Сен Жермен, а токму Анчелоти го промовираше во првиот тим кога му даде прилика да дебитира со 17 години.