Анчелоти е тренер на годината според ЕСПН

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти, кој го предводи Реал Мадрид, е прогласен за најдобар тренер за 2024 година според американската спортска телевизија ЕСПН.

Во 2024 година, Реал Мадрид, под водство на Анчелоти, стана победник на Лигата на шампионите, победник на Интерконтиненталниот куп, Суперкупот на УЕФА, победник на шпанското првенство и националниот Суперкуп.

Претходно, Карло Анчелоти го освои својот 15-ти трофеј додека го водеше Реал Мадрид, со што стана најуспешниот тренер во историјата на клубот. Италијанецот беше прогласен и за најдобар тренер во 2024 година на церемонијата на „The Best“ од ФИФА.