Анчелоти има дилеми дали Реал ќе му потврди доверба

Карло Анчелоти призна дека не е сигурен дали и наредната сезона ќе биде тренер на Реал Мадрид.

Реал Мадрид има солидна предност на врвот на табелата во лигата и чудо треба да се случи за „кралевите“ да останат без титулата во шпанското првенство. Сепак, Анчелоти не е толку сигурен дека ќе го води Реал и наредната сезона.

„На крајот од сезоната клубот ќе ја оцени мојата работа и ќе биде донесена одлука дали треба да продолжам. Јас сум тука и уживам во секој ден“, изјави Анчелоти.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Анчелоти може да ја загуби работата во Реал само ако „кралевите“ не ја освојат титулата во првенството.