Анчелоти: Нашите проблеми се тимски, а не индивидуални
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по синоќешниот пораз (1-3) од Милан проговори за проблемите на тимот.
„Треба да бидеме загрижени бидејќи тимот не игра добро на последните натпревари. Ни недостига цврстина. Факт е дека се браниме слабо, тимот не е доволно компактен. Мора да бидеме покомпактни, порационални. Нашата моментална ситуација не е индивидуален, туку тимски проблем. Не ја покажуваме најдобрата верзија од себе. Мораме да ја најдеме за да се бориме за сите трофеи“, изјави Анчелоти.
По вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите, Реал се наоѓа на 17. место со шест освоени бода.
Милан е 18-ти исто така со шест бода од четири натпревари.