Анчелоти најави враќање на Рудигер и Алаба за реваншот со Сити

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по вчерашната голема победа на гостувањето кај Манчестер Сити од 2-3, изјави дека е задоволен од играта на својот тим и дека го радува враќањето на двајца играчи за реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.

„Денес добро се браневме и во оние ретки моменти кога ја загубивме присебноста и почнавме да притискаме високо, противникот ни создаде проблеми. Ова е важна лекција за нас. Но, јас ќе го кажам ова: денешната дефанзивна линија никогаш не играла заедно, а и никогаш не ни тренирале заедно, но одиграа брилијантно… Но мислам дека ни требаат Ридигер и Алаба за реваншот. Дотогаш тие треба да се вратат од повредите“, ги изјавил Анчелоти.