Анчелоти не исклучува еден ден да ја преземе Рома
Карло Анчелоти во долгиот разговор за „Раи Радио 1“ опфати неколку актуелни теми кои ги пополнија насловните страни во изминатите два-три дена, но се огласи и на одредени шпекулациите кои кружат во јавноста кога е во прашање потрагата на нов тренер од страна на Рома.
Анчелоти важи за човек кој е тесно поврзан со Рома и „волчицата“ има посебно место во неговото срце, па многумина почнаа да прогнозираат дека тој би можел да ја заврши својата тренерска кариера токму на „Олимпико“, стадион на кој мина најмногу години како професионален играч.
Запрашан за можноста да ја води Рома на залезот од кариерата, Карлето не затвори врата на такво сценарио, иако потенцира дека главна цел му е да остане што е можно подолго во Реал.
„Работам напорно за да останам во Реал што е можно подолго. Истовремено, Раниери е мој добар пријател и мислам дека му тргна добро во Рома.
Имам цврста врска со Рома како клуб, имам посебни спомени и лесно е да се каже тоа. Засега сум среќен во Реал и не размислувам за мојата иднина. Имаме двегодишен договор, но договорите може да бидат прекинати, или продолжени. Се е можно во фудбалот“; гласи изјавата Анчелоти