Анчелоти: Не сакам да го коментирам пеналот за Атлетико

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не сакаше да го коментира пеналот кој беше досуден против неговиот тим на дербито со Атлетико Мадрид. Натпреварот заврши 1-1, но Реал Мадрид и понатаму останува на врвот на табелата. Најконтроверзната ситуација беше на крајот од првото полувреме, кога Чуамени го нагази Лино во неговиот шеснаесетник и по интервенцијата на ВАР „јорганциите“ добија пенал.

„ВАР интервенираше, судијата беше таму и виде што се случува. Сличен пенал досуден по ВАР видов на мечот меѓу Атлетик Билбао и Жирона. Тие што работат во фудбал не го разбираат ова. Дали го уништуваме фудбалот? Не сакам да навлегувам во дискусија, повеќе сакам да зборувам за играта. Натпреварот заврши нерешено, тоа не бодри, тимот одигра добро, особено во вториот дел“, изјави Анчелоти.