Анчелоти: Ќе најдам некаде место за Мбапе
Легендарниот италијански тренер, Карло Анчелоти проговори зошто не сака да тренира репрезентација, а се пошегува и за неговото пензионирање, Мбапе и Белингем.
Анчелоти неодамна наполни 65 години, а договорот со Реал Мадрид го продолжи до 2026 година. Анчелоти го следел Европското првенство и двајцата негови играчи – Џуд Белингем и Килијан Мбапе.
„Шпанија го заслужи трофејот, тие се најталентирани. Беше првенство со слаб интензитет, бидејќи најдобрите играчи беа уморни уште на стартот. Белингем е генетски шампион – може да се подобри со секој изминат тренинг, но потребна е генетика за да се биде шампион.
На крајот, како Мбапе ќе се вклопи во Реал Мадрид? „Ќе видиме, ќе го ставам некаде“, се пошегува Анчелоти.