Араухо еден месец надвор од фудбалските терени
Роналд Араухо, скоро сигурно ќе го пропушти следниот месец поради повредата што ја заработи во неделата против Бетис. Клубот откри дека Уругваецот има истегнување на левиот скочен зглоб, но не даде предвидување за враќање на терените. Според медиумите во Шпанија, сепак станува збор за 4 недели. Доколку се остварат предвидувањата, Араухо ризикува да го пропушти реваншот против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, што е на 10 март. Првиот дуел меѓу овие две екипи е на 16 февруари. 21-годишниот Јужноамериканец ја минува третата сезона со Каталонците откако беше купен за 1,7 милиони евра од уругвајската екипа Бостон Ривер.