Араухо мора на операција, Барса ќе го има на располагање дури во декември
Раководството на Барселона потврди дека играчот на нивната екипа Роналд Араухо ќе биде опериран. Дефанзивецот има проблеми со тетивата и ќе мора да оди на операција.
Операцијата ќе се изврши во финска клиника во градот Турку, а на операцијата ќе бидат присутни и лекари од медицинскиот персонал на Барселона.
Од клубот најавија дека по хируршката интервенција ќе соопштат детали за периодот за опоравување на Араухо.
Дефанзивецот се повреди во четвртфиналната пресметка на Копа Америка меѓу Уругвај и Бразил.