Араухо на чекор до позајмица во Јуве

Роналд Араухо (25), уругвајски репрезентативец и централен бек на Барселона, наскоро би можел да стане играч на Јувентус. Италијанскиот гигант веќе подолго време преговара со Барселона, а каталонски „Спорт“ вчера објави дека Араухо им кажал на соиграчите дека до крајот на овој месец ќе го напушти клубот.

Араухо ја започна својата кариера во уругвајските клубови Рентистас и Бостон Ривер. Барселона го донесе во 2018 година за пет милиони евра и оттогаш одигра 151 натпревар, постигна осум гола и шест асистенции и освои три трофеи.

Прашање е само колку Барселона ќе може да заработи од овој трансфер. До пред една година, Барселона за Араухо бараше 100 милиони евра, но неговата вредност на пазарот се намали бидејќи долго време не играе поради повреда.

Италијанските медиуми тврдат дека Араухо ќе му се приклучи на Јувентус на позајмица до крајот на сезоната, но и дека Јувентус ќе има клаузула со која ќе може да го откупи неговиот договор од Барселона. Заемот би го чинел Јувентус пет милиони евра, плус четири милиони евра како дела од платата на Араухо.

Доколку челниците на Јувентус решат да го откупат договорот на Араухо, тоа би ги чинело 20 милиони евра, плус пет милиони евра потенцијални бонуси. Договорот на Араухо со Барселона истекува во летото 2026 година, што значително ја намалува неговата вредност кога се во прашање преговорите.