Араухо: Потфрливме во одбраната, Европа не простува грешки
Барселона вчера загуби од Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен со 3-2 и го заврши настапот во фудбалската Лига на Европа.
Откако првата средба во Германија беше 1-1, многумина очекуваа Каталонците на домашен терен на „Камп Ноу“ да забележат сигурна победа и да продолжат кон финалето, но, тоа не се случи. Разочарувањето од елиминацијата не ја крие и домашниот играч, Роналд Аарухо.
„Европа не простува грешки. Моравме да бидеме многу подобри во одбраната“, вели играчот на шпанскиот тим.