Аргентина рутински до финале на Копа Америка

Аргентина ја оправда улогата на фаворит во првото полуфинале на Копа Америка и дојде до триумф од 2-0 против Канада.
Резултатот го отвори Алварез со гол во 22. минута од натпреварот. По само шест минути игра во вториот дел, Лео Меси постигна гол за 2-0, што беше и кончен резултат на мечот.
Аргентина во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Уругвај и Колумбија.