Аргентинецот Ло Селсо од следната сезона се сели во Мадрид?
Џовани Ло Селсо беше на мета на Атлетико Мадрид уште во 2019 година кога блесна во Бетис.
Уште тогаш се пишуваше дека „јорганџиите“ можат да испратат понуда за аргентинскиот играч за врска. На крајот Тотенхем понуди 30 милиони евра и го убеди тимот од Андалузија да го пушти играчот кој покрај Атлетико беше мета и на други европски клубови. Меѓутоа, сега Ло Селсо нема некоја важна улога под водство на Мурињо.
Ло Селсо одигра 19 натпревари оваа сезона и во нив постигна пет голови и подели една асистенции. Има само 24 години и го губи трпението, а враќање во шпанскиот фудбал за него би можело да биде добро.