Аргентинец дојде во Струмица, Нахуел Франко потпиша за Академија Пандев

Maкедонскиот вицешампион доведе комплетно нов тим во овој зимски преоден рок и единаесеттото ново име во Струмица е Нахуел Франко кој пристигнува од земјата на светскиот шампион, Аргентина.

Аргентинецот во Академија Пандев пристигнува од Росарио Централ каде што ја помина комплетната младинска школа. Со струмичкиот клуб потпиша договор на две ипол години.

„21-годишниот аргентински интернационалец стави потпис на две и пол годишен договор со Академија Пандев. Доаѓа од аргентинскиот прволигаш Росарио Централ, каде ја има поминато и целата младинска школа. Франко игра на позициите лев бек и лев централен дефанзивец. Со овој трансфер ја завршивме реконструкцијата на тимот за пролетниот дел од првенството. Добредојде Франко!“, објавија од Академија Пандев.