Аргентинската легенда Хернан Креспо бил блиску да заигра за Реал Мадрид

Еден од најдобрите поранешни напаѓачи, Хернан Креспо, откри дека на два пати бил пред трансфер во шпанскиот гигант Реал Мадрид. Поранешниот член на Ривер Плата, Парма, Лацио, Интер, Челзи, Милан и Џенова, можел да игра во Ла Лига за белиот дрес на Реал Мадрид, но објасни зошто тоа не се случи.

„Во 2002 година играв за Лацио и имав разговори со Реал Мадрид и Интер. Евентуалниот трансфер зависеше од Бразилецот Роналдо. Да останеше во Интер, јас ќе се преселев во Реал Мадрид. На крајот, тој одлучи да се приклучи на „кралскиот клуб“, па јас потпишав со Интер, изјави 46-годишниот Креспо.

Неколку години подоцна, од Реал Мадрид имале уште еден обид за ангажман на Аргентинецот.

„Имав уште 6 месеци до истекот на договорот со Интер кога ме повикаа од Реал Мадрид во јануари. Можев да потпишам со нив, но решив да останам за да го освојам Скудетото“, објасни прославениот напаѓач.

Креспо освои 3 титули во Серија А со Интер , а беше и освојувач на Купот на УЕФА со Парма .