Арда Гулер интересен за многу европски гиганти

Младата ѕвезда на Фенербахче и турската репрезентација, Арда Гулер е голема желба на многу европски гиганти.

18-годишниот офанзивен играч за врска со своите партии го привлече вниманието на многу европски клубови. Тој оваа сезона постигна 6 гола и 7 асистенции, а скаутите веруваат дека е новата ѕвезда на европскиот фудбал.

Тој во договорот со Фенербахче има откупна клаузула од 17 милиони евра, сума која неколку клубови се спремни да ја платат.

Турските медиуми пренесуваат дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Њукасл и Милан.