Арда добива нов договор со Реал Мадрид

Реал Мадрид донесе одлука за иднината на Арда Ѓулер. Турскиот репрезентативец ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште пет години, откако двете страни постигнале договор за продолжување на соработката.
Договорот е целосно усогласен и наскоро треба да биде официјализиран. Ѓулер воедно ќе добие и значително зголемување на платата.
„Договорот е завршен и комплетиран. Фудбалерот ќе добие значително зголемување на платата“, наведуваат изворите.
21-годишниот Турчин во Реал пристигна во летото 2023 година од Фенербахче за 20 милиони евра.
Почетокот не му беше лесен. Често беше на клупата, а во одредени периоди не беше ниту во составот.