Арда е фудбалер на месецот во Реал Мадрид

Арда Ѓулер го доби признанието за најдобар фудбалер на Реал Мадрид за септември 2026 година. Клубот официјално го објави изборот преку своите профили на социјалните мрежи.
21-годишниот турски репрезентативец има одличен почеток на сезоната и постепено се наметна како еден од поважните играчи во тимот на Жозе Мурињо, особено во креирањето на голови и шанси.
Иако на почетокот од сезоната неговото место во стартниот состав не беше загарантирано поради големата конкуренција со Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе, Јан Диоманде и Џуд Белингам, Ѓулер успеа да ја зголеми својата улога во тимот.
Особено добро функционира во комбинација со Белингам во офанзивниот дел од средниот ред, каде што неговата креативност доаѓа до израз.
Ѓулер моментално е со репрезентацијата на Турција, која во септемврискиот циклус претрпе порази од Франција и Италија. Турците во следните натпревари ќе гостуваат кај Белгија и повторно кај Италија.