Арда и Чуамени добиваат нови договори во Реал Мадрид

Жозе Мурињо продолжува да го креира Реал Мадрид според своите замисли, а последните информации од Мадрид најавуваат промена на плановите за двајца фудбалери.
Португалскиот тренер летово направи сериозни промени во составот, а неговата идеја е да располага со пократок и покомпактен ростер. Мурињо претходно јасно порача дека сака да има околу 20 играчи на располагање, плус фудбалерите кои во моментов се повредени.
Сепак, ситуацијата во меѓувреме се промени, па двајца играчи кои беа блиску до заминување сега се очекува да останат на „Сантијаго Бернабеу“ и да добијат нови договори. Станува збор за Орелиен Чуамени и за Арда Ѓулер. Чуамени се позврзуваше со заминување поради слабата минутажа, додека за Ѓулер беше заинтересиран Арсенал, но тој истакна дека нема намера да си замине од Мадрид.
Мурињо во својот втор мандат во Реал има големо влијание врз кадровската политика и веќе направи сериозни резови во тимот. Меѓу фудбалерите кои претходно беа отпишани беа Раул Асенсио, Ферлан Менди и Едуардо Камавинга.