Арне Слот тврди дека изговорите се за тимови кои неможат да победат

Арсенал повторно не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата трета година по ред, додека Ливерпул триумфираше и ја освои својата 20-та титула во англиската прва лига.
Микел Артета понуди повеќе објаснувања за неуспехот на „Топџиите“, наведувајќи дека несреќните повреди и контроверзните судиски одлуки го нарушиле нивниот обид да извршат притисок врз тимот на Слот во борбата за титулата.
Зборувајќи за „BBC Sport“, Арне Слот се осврна на предизвиците со кои се соочи Ливерпул на патот до титулата, откако ја презеде тренерската функција од Јирген Клоп минатото лето.
„Сите тие изговори што можеш да ги наведеш – дека можеби не трошиме многу, дека не донесовме доволно нови играчи, или дека тимот ми беше оставен од друг тренер – се само изговори на тимови кои не ја освојуваат лигата,“ изјави Слот за „BBC Sport“.
„Убаво е кога ги имаш тие изговори при рака, но уште поубаво е кога не мораш да ги користиш – затоа што на крајот, си ја освоил титулата.“
Неговите зборови се чини дека беа индиректен одговор на јавните изјави на Артета, испраќајќи јасна порака: победниците не се оправдуваат – тие испорачуваат резултати.