Арсенал во јануари се враќа по потписот на Даглас Луиз од Астон Вила

Арсенал во последниот ден од преодниот рок се обиде да го донесе играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.
Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, но влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината, па одби продолжување на договорот.
И покрај тоа Астон Вила ја одбие понудата на „топџиите“ бидејќи немаше време да донесе соодветна замена.
Меѓутоа, Арсенал не се откажува и во јануари повторно ќе се обиде да го донесе Бразилецот на „Емирати“.
Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е спремен да понуди 18 милиони фунти.