Арсенал го враќа Абрахам во Премиер лигата
Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Рома и англиски репрезентативец, Тами Абрахам. Абрахам направи вистински потег со трансферот во Рома каде се промовираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.
Минатата сезона тој во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови.
Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо, а таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал.
Арсенал наводно е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис, што е 20 милиони повеќе од сумата која Рома ја плати за да го доведе на „Олимпико“.