Арсенал го враќа Алварез во Премиер лигата

Челниците на фудбалскиот состав Арсенал најавија дека во текот на летото ќе бидат максимално активни на трансфер-пазарот.

Медиумите во Англија потенцираат дека нивна главна цел ќе биде напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез.

Аргентинецот е универзален напаѓач кој може да дејствува на двете страни од теренот а може да игра и во центарот.