Арсенал го декласира Лидс на „Еланд роуд“

По серијата од три натпревари без триумф во Премиер лигата, Арсенал денескаа рутински ја оправда улогата на фаворит и убедливо славеше со 0-4 на гостувањето кај Лидс.

„Топчиите“ од самиот старт наметнаа висок ритам и целосна контрола на играта, а отпорот на домашниот тим беше скршен во 27. минута кога во листата на стрелци се запиша Зубименди. Само десет минути подоцна, по корнерот што го изведе Мадуеке, голманот Дароу катастрофално реагираше и ја затресе сопствената мрежа.

Доминицијата на Арсенал продолжи и во второто полувреме, во кое гостите постигнаа уште два погодоци и без поголеми проблеми го потврдија убедливиот триумф.

Со оваа победа, лондонскиот тим стигна до 53 освоени бодови и создаде предност од седум бода пред Манчестер сити, кој е второпласиран со 46 бодови и натпревар помалку. „Граѓаните“ својот дуел од ова коло ќе го одиграат утре на гостински терен кај Тотнем.

Во преостанатите два натпревари од денешната програма, Брајтон и Евертон ремизираа 1-1, додека Борнмут славеше со 2-0 на гостувањето кај Вулверхемптон.