Арсенал го надигра Фулам и зачекори кон титулата

Фудбалерите на Арсенал го победија Фулам со 3-0 во 35-то коло од Премиер лигата и со тоа направија чекор напред кон освојување на титулата.

Пресметката на „Емирејтс“ ја обележа Виктор Ѓокереш со два гола и асистенција за Букајо Сака. Арсенал, од февруари и дуелот со Тотенхем не постигнал три или повеќе голови на еден натпревар.

Предноста од три гола по првиот дел, му овозможи на Микел Артета да го извади Сака од тимот,а во 64-та минута на клупата се преселија Ѓокереш и Рајс.

Следен предизвик за Арсенал е Атлетико Мадрид, во полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите. Натпреварот се игра во вторник, во Лондон.