Арсенал го позајми Виеира во Порто
Играчот од средниот ред на Арсенал, Фабио Виеира се приклучи на Порто на позајмица за една сезона. Веста ја објавија „змејовите“ на социјалните мрежи.
24-годишниот офанзивен играч за врска е младински играч на португалскиот гигант, кој настапуваше за тимот во периодот 2019-2022 година. Одигра 76 натпревари и постигна 10 гола, а потоа се пресели во тимот на „топчиите“.
Во Лондон доживеа тешкотии со адаптацијата и никогаш не можеше да се избори за постојано стартно место во селекцијата на Микел Артета.
Виеира беше дел од младинската селекција на Португалија, но допрва треба да дебитира за сениорската селекција.