Арсенал го претстави Мартин Зубименди

Мартин Зубиаменди од денес и официјално е нов фудбалер на Арсенал

Фудбалерот од средниот ред од пред неколку месеци постигна договор со лондонскиот клуб, се споменуваше и Баерн, меѓутоа шпанскиот репрезентативец беше одлучен во намерата да соработува со својот сонародник Микел Артета.

Арсенал ја активираше откупната клаузула во договорот со Реал Сосиедад во висина од 60 милиони евра и така доведе замена за Томас Парти.

Со 26 години и статус на стандарден член на шпанската репрезентација, Зубиаменди пристигнува како фудбалер кој би требало идеално да се вклопи во формацијата која ја практикува Артета.

Потврдено е дека Зубиаменди во Арсенал ќе настапува со бројот 36.