Арсенал го продава Николас Пепе

Фудбалскиот клуб Арсенал има намера да го продаде играчот Николас Пепе.Тој во клубот од Лондон пристигна во 2019 година како големо засилување од францускиот Лил за огромни 72 милиони фунти.

Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска веќе подолг период игра во очајна форма и го загуби статусот на првотимец во екипата.

Неговиот договор со „топџиите“ истекува за две години, но според информациите од Англија, Арсенал веќе размислува за негова продажба а како најсериозен кандидат за негово купување е екипата на Њукасл.

Оваа сезона Николас Пепе за Арсенал има одиграно само 9 натпревари и постигна 1 гол и 3 асистенции.