Арсенал е првиот финалист на англискиот Лига Куп

Арсенал го доби и реванш натпреварот од полуфиналето во Лига Купот против Челси, овојпат славеше со 1-0 со гол на Каи Хавертс во последните секунди од натпреварот и се пласираше во финале.

Тимот на Артета на Стемфорд Бриџ славеше со 3-2, па денеска им беше доволно и реми. Се чинеше дека така и ќе заврши натпреварот.

Беше 0-0 до последните моменти, Челси речиси со сите фудбалери бараше погодок, а тоа го искористи Арсенал кој преку контра во 97. минута даде гол за победа, стрелец на погодокот беше повратникот во составот, Каи Хавертс.

Арсенал во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Њукасл и Манчестер Сити. Тимот на Гвардиола има предност од 2-0 по првиот натпревар.