Арсенал е прв фаворит за освојување на ЛШ

Компанијата Опта, која се занимава со статистика, ги објави своите проекции за Лигата на шампиони. По две одиграни кола, промени се случија во фаворитите за освојување на европската титула.
Пред првиот натпревар, односно по ждрепката, најголеми шанси имаше англискиот шампион Ливерпул со 17,2 проценти. Сега, на првото место е Арсенал, пред Ливерпул и минатогодишниот победник ПСЖ.
Лондонскиот тим никогаш не ја има освоено Лигата на шампиони, а оваа сезона во Европа започна со победи над Олимпијакос и Атлетик Билбао со истиот резултат од 2:0, и има максимален учинок, како и Баерн, Реал, ПСЖ, Интер и Карабах.
Фаворити за освојување на Лигата на шампиони според Опта:
Арсенал – 18.09 проценти
Ливерпул – 14.70 проценти
ПСЖ – 13.96 проценти
Манчестер Сити – 9.71 проценти
Баерн – 9.50 проценти
Барселона – 8.25 проценти