Арсенал испушти двојна предност во дербито со Астон Вила
Арсенал и Астон Вила ремизираа 2-2 во Лондон во возбудливото дерби од 22. коло на англиската Премиер лига.
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, повторно беше кобен за својот поранешен клуб, откако минатата сезона буквално ги остави без титула, тогаш со неговиот тим победи во Лондон. Од тој натпревар Манчестер сити го презеде првото место и ја задржа предноста.
Сега тој повторно ги оддалечи „топчиите“ од трофејот што го чекаат од 2004 година, бидејќи Арсенал е на второто место со шест бода помалку и натпревар повеќе од Ливерпул.
Ниту водството од 2:0 во 55. минута, кое го обезбедија Мартинели во 35. и Хаверц во 55.минута, вечерва не му беше доволно на Арсенал.
Тимот на Микел Артета го шокираа Тилеманс во 60. и Воткинс во 68.минута.
По ова реми, Вила е седма на табелата со 36 бодови, но е на само два бода помалку од позицијата која води во Лигата на шампионите.